Поврзете се со нас

Шпанија

Неочекувана вест од Пиринеите: Димитриевски може да го напушти Рајо Валјекано

Објавено

на

Македонскиот репрезентативец веќе неколку години е дел од Рајо Валјекано, клуб во кој е број еден, клуб во кој одлучно се чувствува и најдобар доказ за тоа се неколкуте негови изјави дека би можел тука да остане и до крајот на кариерата.

Меѓутоа фудбалскиот живот е непредвидлив и Столе може да биде натеран да си замине од „Ла Валјекас“ веќе во овој преоден рок. Шпанските медиуми пренесуваат дека Рајо е подготвен за разделба со Македонецот, негова продажба, поточно веќе се обидува да го ангажира Луис Максимилијано од Лацио.

Шпанскиот прволигаш нуди 8,5 милиони евра за Португалецот и ако тој пристигне ќе биде стартер што значи дека ќе го истурка Столе од сегашниот редослед.

За нашиот голман во минатото имаше интерес од Барселона, претходниов период се споменуваше како опција и за Реал Мадрид, но едно е јасно со неговите изданија во Ла Лига не би требало да има проблем да пронајде ангажман во нова средина.

Договорот со клубот од Мадрид му истекува наредното лето.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни