Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Нема да има втор македонски тим во Лигата на шампионите

Објавено

на

Екипата на Вардар ќе биде единствениот македонски претстваник во Лигата на шампионите во наредната натпреварувачка сезона.

Ова го посочуваат полските медиуми кои пренесуваат дека Еурофарм Пелистер нема да биде дел од тимовите кои ќе добијат вајлд карта за настап во елитното натпреварување. ЕХФ во текот на утрешниот ден треба да ја соошпшти официјалната информација, но полските медиуми од свои извори дознаваат дека „фармацевтите“ се дел од групата од осум клубови кои ќе извисат и ќе мора да се задоволат со настап во Лигата на Европа.

Вајлд-карти за ЛШ ќе добијат Нант на Кирил Лазаров, потоа ПИК Сегед, Елверум, Динамо Букурешт, Целје и Брест Мешков.

Од претходно беше познато дека освен Вардар во се ЛШ ќе играат Кил, Фленсбург, ПСЖ, Загреб, Веспрем, Алборг, Порто, Барселона и Кјелце.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни