Поврзете се со нас

Франција

Нејмар во свој стил: Колку повеќе ме „тепаат“, толку повеќе сакам да ги дриблам

Објавено

на

Нејмар веќе некое време е дел од Пари Сен Жермен, тим во кој пристигна од Барселона за рекордна сума од 222 милиони евра.

Изминативе години беа исполнети со подеми и падови, период во кој офанзивецот сфати дека воопшто не е лесно да се игра во францускиот шампионат. Тој често е на мета на противниците поради неговиот специфичен стил на игра, стил кој знае да биде и провокативен, но тој нема намера да се откаже од тоа што знае најдобро да го прави.

-Не бев свесен колку е физички напорно да се игра во францускиот шампионат. Единствениот начин да избегнам повреда од брутални стартови е да се биде внимателен и фокусиран. Колку повеќе ме соборуваат моите ривали, толку повеќе сакам да дриблам. Само така можам да се заштитам од груби напади на противничките играчи, -вели Нејмар кој сосема очекувано се најде на списокот на селекторот Тите за престојното СП во Катар.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни