Поврзете се со нас

Франција

Нејмар испрати порака по незгодната повреда, фановите „удрија“ по фудбалер на Ст. Етјен

Објавено

на

Нејмар порано го заврши дуелот меѓу Ст. Етјен и ПСЖ, а се чини дека повредата на зглобот ќе го оддалечи од терените најмалку до крајот на оваа 2021 година.

ПСЖ утре треба да соопшти повеќе детали по направените прегледи, а во меѓувреме Нејмар испрати порака до фановите.

– Мора да се вратам. За жал, ваквите работи се дел од животот на секој спортист. Во вакви моменти треба да се подигне главата високо, ќе се вратам посилен, – напишал Нејмар на Инстаграм.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by NJ 🇧🇷 (@neymarjr)

Навивачите на ПСЖ го сметаат противничкиот играч Иван Масон како главен виновник за повредата на Бразилецот, па тој заработил многу навреди и закани на своите профили на социјалните мрежи. Ст. Етјен реагираше преку соопштение и побара да престане ваквото однесување на дел од фановите.

Нејмар заработи хорор повреда, дебито на Рамос остана во втор план (Видео)

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни