Поврзете се со нас

Франција

Нејмар заработи хорор повреда, дебито на Рамос остана во втор план (Видео)

Објавено

на

ПСЖ успеа да направи пресврт и победи на гостувањето кај Сент Етјен со 1:3, но најлоша можна вест пристигна на крајот од мечот, кога Бразилецот Нејмар заработи хорор повреда.

Ѕвездата на ПСЖ имаше ужасно приземјување со ногата и го свитка зглобот, по што веднаш стана јасно дека станува збор за лоша и сериозна повреда.

Нејмар беше изнесен со носилки од теренот и на неговото место влезе Ерик Дина во 88-та минута, а после тоа, конечните 1:3 ги постави Маркињос.

Бразилецот беше стрелец и на првиот гол за ПСЖ кој донесе израмнување пред крајот на првиот дел, додека голот на за 1:2 беше дело на Ди Марија.

Асистент на сите три гола за ПСЖ беше Меси, а единствениот гол за Сент Етјен го постигна Буанга. На овој натпревар, своето деби за ПСЖ го дочека Серхио Рамос, но истото остана во втор план поради повредата на Нејмар.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни