Поврзете се со нас

Свет

Недвед за хаосот кој настана по руската инвазија на Украина: Не знам што чека мојата земја

Објавено

на

Поранешниот чешки фудбалер, а сега висок член на управата на Јувентус, Павел Недвед даде свој коментар за хаосот кој настана и во фудбалот по руската инвазија врз Украина.

Репрезентациите на Полска и Шведска одбија да играатсо Русија во бараж средбите за пласман на Светското првенство, а  во четворката репрезентации се наоѓа и Чешка од каде засега нема одговор.

Недвед испрати коментар со чудење зошто од неговата земја и Фудбалскиот сојуз на Чешка се уште не се произнеле по овој став.

– Полска и Шведска се изразија и тоа со право. Не знам што уште чека Чешка. Очекувам дека мојата земја ќе ги преземе истите чекори. Немам поим зошто не се изјасниле, не знам воопшто што мислат за целава ситуација, -истакна Недвед.

Немирите меѓу Русија и Украина значително ќе удрат на секое поле од општественото живеење, а на тоа имун очигледно нема да биде ниту фудбалот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни