Поврзете се со нас

Свет

Нант и Лазаров со нова победа во француското првенство

Објавено

на

Кире Лазаров и неговите соиграчи од Нант ја продолжија позитивната серија, победувајќи на гостувањето кај Шартр (27:33) во францускиот шампионат.

Гостите на полувреме имаа солидна предност 14:17, а продолжија во сличен стил и во продолжението, за сигурна победа против тимот кој победуваше на претходните две средби на домашен терен.

Лазаров реализирал еднаш од четири удари испратени кон противничкиот гол, а незапирлив за Шартр бил Ривера кој постигнал дури 12 голови на оваа средба.

Пешмалбек го завршил дуелот со 5 голови, а солиден настап имал и голманот Нилсен со 9 одбрани и 39% успешни одбрани.

Со оваа победа Нант е на делба на второто место со 15 бодови, три помалку од лидерот ПСЖ, кој има и натпревар помалку.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни