Поврзете се со нас

Франција

Најугледниот француски спортски медиум „Л’Екип“ удри по властите откако само Лига 1 остана откажана

Објавено

на

Во Германија веќе неколку кола редовно се игра фудбал, а во текот на вчерашниот ден и во Италија и Англија се потврдија датумите на рестартирањето на фудбалската сезона која беше во прекин повеќе од два месеци поради пандемијата предизвикана од коронавирусот.

Француските власти уште претходно донесоа одлука во оваа земја да нема никаков спорт до септември, а тоа значеше дека сезоната во Лига 1 дефинитивно ќе мора да биде прекината.

Откако стивнаа проблемите со вирусот се донесе одлука да се продолжат првенствата во сите големи лиги, а тоа доста ги налути француските вљубеници во фудбалот.

Најугледниот спортски медиум од оваа земја „Л’Екип“ со креативна насловна „ги пзодрав“ властите во Франција.

На насловната само кратко пишуваше: -Како идиоти?- , поставувајќи јасно прашање зошто предвреме се донесе драстична одлука за прекинување на шампионатот.

Најгласен во протестите против француските власти е претседателот на Лион, Жан Мишел Ола кој најави дека како протест против оваа одлука ќе организира фудбалски турнир во Франција за да им покаже на властите дека е безбедно да се игра фудбал и таму.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни