Поврзете се со нас

Шпанија

Најлудата сцена од дербито: Пике не беше подготвен да влезе во игра, Бускетс не можеше да му ги одврзе копачките (Видео)

Објавено

на

Барселона на драматичен начин стигна до победа на дербито на „Месталја“ и голот на Роберт Левандовски беше вреден големи три бода, триумф кој каталонскиот гигант навистина го заслужи со оглед на шансите кои ги создаде на мечот со Валенсија.

На крајот, тимот на Чави победи на најтешкиот и најдраматичен можен начин, но пред да дојде до моментот на екстаза, навивачите на Барса мораа да гледаат нов „бисер“ од Жерард Пике.

Откако пред извесно време ги разбесни со незалагањето за време на загревањето, Пике сега воопшто не беше подготвен за влез во игра, или всушност, воопшто не планирал дека ќе биде повикан од Чави.

Доказ за тоа е неговата неподготвеност кога Жул Кунде побара измена поради замор, па во целата луда ситуација се вклучи и Бускетс кој реши да му помага на својот соиграч.

Пике седел на клупата на „Месталја“ без облечени копачки и штитници, па мора да се напомене дека Бускетс имаше проблем со отплеткување на „чворот“ и на крајот ситуацијата ја реши еден од помошниците на Чави.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни