Поврзете се со нас

Балкан

Награда за добрите партии: Агон Елези доби нов договор од Вараждин

Објавено

на

Македонскиот интернационалец, Агон Елези доби нов договор од хрватскиот прволигаш Вараждин.

Новопечениот сениорски репрезентативец имаше одлични партии во дресот на Вараждин кои му донесоа повик од селекторот Благоја Милевски за битките со Грузија и Бугарија во Лигата на нации, но и продолжување на соработката со Вараждин, клуб со кој сега е „врзан“ до 2024 година.

Агон сезонава има одиграо девет мечеви во најсилната хрватска конкуренција, има постигнато два гола и тоа против Горица на поранешниот македонски селектор, Игор Ангеловски.

Елези е роден во Скопје, сениорската кариера ја почна во Шкупи, а преку Скендербег стигна во сегашната средина.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни