Поврзете се со нас

Германија

Нагелсман отворено за тоа кој треба да ја добие Златната топка: Зарем има некој кој ја заслужува повеќе од…

Објавено

на

Тренерот на Баерн Минхен, Јулијан Нагелсман истакна што мисли за тоа кој треба да ја добие Златната топка, признание кое се доделува на најдобриот играч во сезоната.

Очекувано, Нагелсман се реши за својот напаѓач, Роберт Левандовски кој секако ќе влезе во најтесна конкуренција за престижното признание.

Многумина сметаа дека Левандовски минатата сезона требаше да ја освои Златната топка, но лани истата не се додели поради ковид пандемијата, па Полјакот остана пократок за ова признание иако постигна неверојатни 55 погодоци на 47 натпревари за Баерн Минхен.

– Лева ја заслужува Златната топка и според мене треба да ја освои. Играше најконстантно од било кој во последните три години. Навистина не гледам кој е подобар од него во тој период, -изјави Нагелсман.

И оваа сезона Левандовски ја започна на неверојатен начин и веќе има постигнато десет погодоци на деве средби за клубот од Баварија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни