Поврзете се со нас

Германија

Нагелсман останал изненаден од скромниот Мане на првиот состанок: Тоа не се случува со големите засилувања

Објавено

на

Садио Мане ја комплетираше својата желба да направи трансфер од Англија и Ливерпул, односно остана верен на дадениот збор и се пресели во редовите на Баерн Минхен и покрај тоа што имал и доста попримамливи понуди од финансиски аспект.

Мане на промоцијата во Баерн нагласи дека останал воодушевен од спортскиот проект на германскиот шампион и решил дека е вистинско време за нов чекор и предизвик во кариерата, но како фудбалска ѕвезда која е позната и по својата скромност, Садио успеал да го изненади и новиот тренер на првиот состанок.

Јулијан Нагелсман на германските медиуми им открива дека останал изненаден од првиот разговор кој го водел со досегашната „10-ка“ на Ливерпул, кој според него бил и некарактеристичен поради модерните барања на фудбалерите.

– Во првиот разговор кој го водев со Садио, тој ми покажа колку е несебижен. Без размислување ми порача: Не ми е гајле на која позиција ќе играм! Тоа ретко се доживува во првиот разговор и стварно ме изненади. Се стави на располагање на клубот и тренерот и немаше никакви барања. Често играчите сами знаат да бараат да играат на одрена позиција, тоа им е условот за да дојдат.

– Пресреќни сме што добивме ваков играч. Ние сме Баерн Минхен и секогаш можеме да наддаваме за големи играчи, но понекогаш постојат финансиски потешкотии, особено кога се работи за играчи кои доаѓаат од Премиер лигата. Често не се прифаќаат нашите понуди за плати, но со Садио беше поинаку, тој стварно сакаше да дојде во Баерн, – открива Нагелсман.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни