Поврзете се со нас

Репрезентација

Надежите одиграа драматично реми со шест гола против Косово

Објавено

на

Младата македонска репрезентација до 21 година одигра без победник против Косово (3-3) во вториот контролен меч на тренинг центарот „Петар Милошевски” во Скопје.

За разлика од првата средба која нашите надежи ја добија со 1-0 оваа денешната беше далеку пеофикасна, повозбудлива со дури шест погодоци. Избраниците на Канатларовски го добија првиот дел со 1-0 благодарение на Трпчевски, но во второто полувреме противникот од 57 до 72 минута трипати не матираше и дојде до убедлива предност од 3-1.

И покрај овој удар репрезентативците не се откажаа и до крајот преку Крстевски и Тодоровски дојдовме до реми и резултат 3-3.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни