Поврзете се со нас

АТП

Надал спаси две меч топки и се изнамачи за четвртфинале во Рим

Објавено

на

Рафаел Надал остана „жив“ во осминафиналната фаза на Мастерсот во Рим и натаму ќе се бори за титулата на турнирот во италијанската престолнина, откако ова попладне буквално се изнамачи и спасуваше две меч топки против расположениот противник.

Шпанецот одново наиде на сериозен отпор на својата омилена подлога оваа сезона, бидејќи Денис Шаповалов беше на само еден удар од победа, и тоа во два наврати. Младиот тенисер пропушти две меч топки во третиот сет при сервис на Надал, па откако мечот отиде во тајбрејк завршница, беше јасно дека психолошката предност е на страна на поискусниот тенисер.

Шаповалов дефинитивно има за што да жали денеска, бидејќи откако го доби првиот сет со 6:3, поведе со 3:0 и во вториот и се чинеше дека е на добар пат да направи изненадување. Рафа како голем борец уште еднаш не се предаде и направи пресврт со серија од 6:1 во гејмови, но откако израмни на 1:1 (6:4), одново се најде во негатива.

Канаѓанецот прв направи брејк и во одлучувачкиот сет, водеше со 3:1, стигна и до меч топки, но откако не искористи ниту една прилика, беше казнет во тајбрејкот.

Надал победи во 13-та игра од третиот сет со 7:3 и се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Рим, каде ќе игра со подобриот од дуелот меѓу Зверев и Нишикори.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни