Поврзете се со нас

АТП

Надал по најавите за негово заминување во пензија: Имам добар однос со Зверев, ама…

Објавено

на

Пред нас е првиот грен слем за оваа календарска година Австралија Опен на кој титулата ќе ја брани Рафаел Надал.

Надал ќе има тешка задача одновно да биде шампион со оглед на формата, резултатите кои ги имаше на крајот на минатата и оваа, но шпанскиот ас е познат како борец, играч со големо срце и никогаш не може да се отпише.

Од друга страна пак Александер Зверев пред некое време истакна дека Рафа планира да се повлече, замина во пензија по овогодинешното издание на Ролан Гарос, па токму на оваа тема Шпанецот доби шанса да се огласи и го искаже својот став.

-Навистина не знам што ќе се случи во следните шест месеци. Имам многу добар однос со Зверев, ама не таков за да му кажам такво нешто. Реалноста е дека сум тука да играм тенис, да се обидам да имам одлична година во 2023 година, да се борам за се што сум се борел во кариерата и не размислувам за повлекување. Тоа е нешто за што размислувате недела по недела, бидејќи ме соочувате со тоа на секоја прес-конференција. Сепак, истото ќе ви го одговорам секогаш кога ќе ме прашате, -порача Надал кој смета дека луѓето заборваат колку е тешко да се остварат резултати како неговите, но и оние на Новак Ѓоковиќ и Рожер Федерер.

-Веројатно затоа што тројца играчи ги достигнаа тие бројки, некако ја губиме перспективата за тоа колку е тешко да се направи. Играме тенис на 36 години и треба да имате многу долга кариера. Има повреди, животни околности. Не зборувајте за нивото на тенисот, бидејќи е можно да го имате, но има различни работи во животот кои можат да ви го отежнат постигнувањето на тие резултати, заклучи бикот од Мајорка.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни