Поврзете се со нас

АТП

Надал го мина Ѓоковиќ, Федерер e неприкосновен

Објавено

на

Веќе некое време се прават споредби на големата тениска тројка Рожер Федерер, Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ и притоа се поставува прашањето кој е најдобар на сите времиња.

Има различни одговори, ама повеќе е од јасно е дека тешко ќе може да се повтори една ваква ера во која тројца асови во исто време би имале плус 20 грен слем трофеи.

Дебатите, коментарите, анализите понатаму ќе прават, ќе се гледаат сите моменти, титули, достигнувања, рекорди, а еден од нив може да биде поминати недели во Топ 3 на АТП листата.

Тука Рожер Федерер е неприкосновен и со 750 минати седмици е на првата позиција. Сега имаме промена на вторoто место и сега Надал е пред Ѓоковиќ. Шпанецот е на бројката од 673 минати недели на една од првите три позиции, додека Новак засега останува на 672.

Четврти во однос на овој параметар е Џими Конорс (592), потоа Иван Лендл (499), Пит Сампрас (457), Џон Мекинро (374), Стефан Едберг (342), Бјорн Борг (324) и Андре Агаси (264).

Кај активните играчи 12-ти на листата е Енди Мари (226), а тука се и Данил Медведев (81), Саша Зверев (74) и Стен Вавринка (60)…

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни