Поврзете се со нас

АТП

Надал ги доби резултатите од медицинските прегледи и ги избегна новинарите на Вимблдон

Објавено

на

Рафаел Надал на епски начин славеше на уште едно возбудливо четвртфинале на Вимблдон, кое на крајот успеа да го добие иако повеќе од три часа играше со евидентни болки и проблеми со сервисот.

Шпанскиот тенисер успеа да направи пресврт против Тејлор Фриц и победи во супер-тајбрејкот во петтиот сет, а по мечот откри дека станува збор за мускулна болка во абдоминалниот дел од телото.

Надал денеска се појавил на 10-от терен во Ол Ингланд клубот и направил тренинг од затворен простор и немало дозвола за камери, па исто така ги избегнал и новинарите во обид да не се извлече некаква изјава.

„Марка“ открива дека 22-кратниот освојувач на грен слем турнирите ги добил резултатите од медицинските прегледи и резонанцата покажала дека има руптура на мускулот од 7 милиметри, но во неговите мисли, тоа нема да го спречи да се појави утре на теренот.

Истиот медиум информира дека Рафа ќе ја промени техниката на сервирање и ќе игра под инјекции и дека единствена желба му е да го одигра полуфиналето против Ник Кирјос кое е на програмата утре на централниот терен.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни