Шпанија
На каталонците им истекува времето: Барселона има уште 24 часа за активирање на поволната клаузула за Караско

Чави Ернандес говореше за приоритетите во средниот ред на Барселона веднаш по самиот крај на сезоната во која Барселона стана шпански шампион, но отворено го посочи и Јаник Караско како играч кој има сериозни шанси да пристигне на „Камп Ноу“.
Причина за тоа е пактот кој го склучија Барселона и Атлетико Мадрид во минатиот зимски преоден рок, според кој Барса ќе има повластена цена за Белгиецот до крајот на месец јуни.
Со оглед на тоа што Барса не презема никакви акции досега, „Марка“ потсетува дека на каталонскиот гигант му истекнува времето и му преостануваат само уште 24 часа, бидејќи после тоа сумата ќе биде многу поинаква.
Откупната цена која важи само за Барселона изнесува 19 милиони евра, но како што стојат работите, клубот во овој момент очигледно ги нема потребните финансии за да го осигура потписот на Белгиецот.
Крилниот напаѓач има договор со Атлетико до летото 2024-та година, па ако не се реализира опцијата Барселона, или ќе потпише нов договор, или ќе биде продаден на друг клуб до крајот на овој преоден рок.
-
Балканпред 19 часа
Ден за историја: Регионалните гиганти Партизан и Хајдук објавија рекордни бројки
-
Шпанијапред 6 часа
Невидена сцена од топ 5 лигите: Разголена танчарка во ВИП ложата на натпревар на кој играше Барселона (Видео)
-
Шахпред 6 часа
Шахистите на „Алкалоид“ петти во светот, сребрен медал за Недев на втората табла
-
Шпанијапред 10 часа
Контроверзен момент и многу тензија во Памплона: Осасуна израмни против Атлетико, судијата ги разбесни домаќините (Видео)
-
Шпанијапред 11 часа
„Синдромот Гати“ се префрли и во Шпанија: Играч на Алавес си даде автогол од 30 метри, противниците го тешеа (Видео)
-
Македонијапред 4 часа
Вардар обвини за опструкции: Пронајден е инвеститор кој сака да вложи 18 милиони евра, но…..
-
Шпанијапред 24 часа
Тебас смета дека Барселона заслужува да и бидат одземени бодови ако е виновна во случајот „Негреира“
-
Италијапред 10 часа
Мурињо по најлошиот старт во неговата тренерска кариера: Ни недостасува играчот кој лани направи многу грешки