АБА лига
МЗТ покажа две лица во Бања Лука и излезе како победник во драмата против Хелиос

МЗТ Скопје покажа две лица на отворањето на турнирот кој се игра во „балон“ услови во Бања Лука, па на крајот избраниците на Кочов можат да бидат среќни што отворија со победа против Хелиос.
Тимот од Домжале допатува максимално десеткуван поради проблеми со коронавирусот и имаше недостаток на многу важни играчи, па иако македонскиот претставник на почетокот максимално сериозно си ја сфати работата и направи убедлива предност, во второто полувреме за малку ќе прокоцкаше се откако го покажа и своето лошо лице.
„Штрковите“ го надиграа противникот во првото полувреме во кое постигнаа по 23 поени во секоја од четвртините, но 46-те поени од првиот дел беа заменеи со разочарувачки 24 во второто, што за малку ќе резултираше со шокантен резултат и пресврт во коирист на словенечкиот тим.
МЗТ стигна до максимални плус 12 разлика предност при крајот на третата четвртина, но во последниот период, кошаркарите на Кочов комплетно се исклучија и малку фалеше да направат од „готово-вересија“.
Хелиос успеа да израмни во последната минута и се избори за 69:69, а за среќа на МЗТ, не го искористи и шутот за победа кој го имаше во последниот напад. Пред да се случи тоа, добра вест беше тоа што Мекиќ погоди едно од двете слободни фрлања, па МЗТ во агонија стигна до победа од 70:69.
Олуџоби со 16 поени беше најдобар кошаркар во редовите на МЗТ, Бојиќ уфрли 12, додека во противничкиот табор најдобар беше Махковиќ со 21 поен.

- Англијапред 22 часа
Еден од играчите на Челси се налутил на Тухел и одбил да преговара за нов договор
- Шпанијапред 22 часа
Интересен момент по крајот на натпреварот на „Камп Ноу“: Голманот на Елче се возбуди кога Меси му го побара дресот (Видео)
- Лига на шампионипред 24 часа
Вардар конечно победи во Лигата на шампионите, во Скопје оружјето го положи Елверум
- Лига на шампионипред 20 часа
Зидан искрен по победата над Аталанта: Не бевме најдобри иако имавме играч повеќе
- Англијапред 23 часа
Тотенхем тргнува по незадоволниот фудбалер на Манчестер Јунајтед
- Лига на шампионипред 21 час
Менди со супер гол во финишот го проби бедемот на Аталанта, Манчестер Сити без проблем во Будимпешта (Видео)
- Лига на шампионипред 11 часа
Зидан откри интересна анегдота за стрелецот на голот и нагласи: Ова беше воиграна акција од тренинзите! (Видео)
- Лига на шампионипред 12 часа
Бесниот Гасперини со предлог до УЕФА какви судии да делегира во иднина: Ова е самоубиство на фудбалот!