Поврзете се со нас

Македонија

МЗТ го доби скопското дерби за ново финале во кошаркарскиот Куп

Објавено

на

МЗТ Скопје е првиот финалист на завршниот турнир на македонскиот кошаркарски Куп „Благоја Георгиевски-Буштур“, а можноста да ја брани титулата ја обезбеди со триумф над вечниот ривал Работнички (81:76).

МЗТ и Работнички влегоа со подеднакви амбиции на турнирот во Битола, но денеска МЗТ постојано го контролираше резултатот и на крајот се снајде подобро и во решавачките моменти во завршницата на полуфиналето.

На полувреме „аеродромци“ имаа плус пет, во третиот период стигнаа и до плус дванаесет, но Работнички ја задржа неизвесноста и во неколку ситуации ја топеше предноста на скопскиот ривал.

Сепак, во финишот МЗТ ги искористи своите шанси и го доби дуелот со 81:76, со што сега ќе го очекува противникот во финалето.

Војдан Стојановски и Танасковиќ беа најдобри реализатори во победничкиот тим со 18 поени, додека кај Работнички, Трајс реализираше 20, а Декоси 19 поени.

Во второто полуфинале ќе играат Пелистер и Еуро Никел.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни