Поврзете се со нас

НБА

МВП Јокиќ не можеше сам: Феникс одново го преслуша Денвер и поведе со 2:0 (Видео)

Објавено

на

Феникс докажува дека елиминацијата на Лос Анџелес Лејкерс не била воопшто случајна во првите два наптревари со Денвер, бидејќи ова утро ја забележа втората убедлива победа над Нагетси на домашен терен (123:98).

„Сонцата“ максимално ја искористија предноста од домашен терен и поведоа со 2:0, со тоа што оваа втората победа беше уште поубедлива од онаа првата и истата е изразена со разлика од 25 поени.

МВП Никола Јокиќ не можеше да го спречи налетот на домаќините и како недоволни се покажаа неговите 24 поени, 13 скокови и 6 асистенции. Србинот беше најефикасен на паркетот, но од друга страна, до израз дојде тимската игра на Феникс каде дури шест играчи имаа двоцифрен учинок.

Букер одново беше меѓу најдобрите со 18 поени и 10 скокови, Крис Пол го заврши мечот со 17 поени и 15 асистенции, а двоцифрени беа и Бриџес, Ајтон, Краудер и Крег.

Серијата сега се сели во Денвер, па ќе видиме каков ќе биде одговорот на Нагетси по поразите од 122:105 и овој последниот од 123:98.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни