Поврзете се со нас

Англија

Мурињо откри каков план применува со Герет: Бејл имаше психолошки лузни, сега се разбираме со мимики!

Објавено

на

Герет Бејл врза неколку блескави натпревари во последно време и ја врати вербата меѓу фановите на Тотенхем, но и кај менаџерот Жозе Мурињо кој сега не штеде пофалби на сметка на велшката суперѕвезда која мина навистина тежок период од стартот на сезоната.

Во моментите кога медиумите почнаа да пишуваат за негово враќање во Шпанија и своевиден крах во кариерата, Бејл одигра неколку фантастични натпревари во континуитет, а истите продолжија со одлична партија и против Кристал Палас на вчерашниот меч во Северен Лондон.

Бејл постигна два гола во победата на „петлите“ и се повеќе наликува на фудбалерот кој со леснотија и безгрижност играше во Премиер лигата и Реал Мадрид, а Мурињо вели дека тоа е должи на психолошката рехабилитација која ја доживеал неговиот фудбалер во изминатите два месеци.

– Кога тој пристигна тука, наидов на играч кој има психолошки лузни. Кога врзувате неколку сезони во кои сте имале многу повреди, не станува збор за лузни во мускулите, станува збор за психолошки лузни кои прават да имате страв и бидете нестаилни. Му беше потребна поддршка, тој ја доби од нас и сега тој дава се од себе. Тој ја урна таа психолошка бариера и веќе не се плаши. Тој самиот го направи тоа, ние само му помогнавме, – изјави Мурињо кој вели дека сега се разбира со Бејл со мимики за време на натпреварите.

– Сега верував во него и во неговата анализа на сопственото тело. Верувам како си го чита телото и тој одлучува во каква ситуација е во даден момент. Фудбалерот може да почувствува кога има замор во мускулите, па сега со него имаме визуелен контакт измеѓу 55-та и 60-та минута. Се разбираме со фацијални експресии и мимики, планот е да го извдам од игра кога ќе ги почувствува првите знаци на замор. Се уште внимаваме на него и се обидуваме да го пазиме кога му нуди толку многу позитивни работи на тимот, – порачува Жозе.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни