Поврзете се со нас

Италија

Морати за лудата понуда на Челси за Лукаку: Не знам што му треба на клубот, но…

Објавено

на

Некогашниот прв човек на италијанскиот великан Интер, Масимо Морати даде свој коментар за последните информации во медиумите и можноста Ромелу Лукаку да се пресели во Челси.

Клубот од Милано не сака да остане без својот најдобар напаѓач, голгетер, меѓутоа „сините“ прават се за да го вратат Белгиецот на „Стемфорд Бриџ“ и наводно се подготвени да искешираат меѓу 120-130 милиони евра.

-Читав во весникот за овие преговори со Челси. Искрено, не знам ништо повеќе од она што се појави. Зборуваме за 130 милиони евра и Интер секако е искушение. Не ги знам бројките и не знам што му треба на клубот денес, но бројките за кои зборуваме се секако важни, -рече Морати кој даде краток и за двајцата играчи кои се споменуваат како можни наследници-Дуван Запата и Душан Влаховиќ.

-Двајцата се одлични, тоа е сигурно, -истакна поранешниот претседател на „нероаѕурите“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни