Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Мората расположен, Јувентус стартуваше со победа во Киев (Видео)

Објавено

на

Алваро Мората искористи две добри позиции и беше клуч за првата победа на Јувентус во групната фаза од новата сезона во Лигата на шампионите.

Италијанскиот состав славеше на гостувањето кај Динамо Киев со 0:2, а победникот беше решен во второто полувреме во кое гостите беа поконкретни пред голот на украинскиот тим.

Јувентус доминираше и во првото полувреме, но не успеа да постигне гол за водство, а во меѓувреме го загуби капитенот Џорџо Кјелини кој мораше да биде заменет поради повреда.

Мората се снајде најдобро пред голот на Динамо веќе во 46. минута, откако домашниот голман ја одби топката по ударот на Кулушевски, а Шпанецот вторпат реализираше во 84. минута, кога доби одлично нафрлување од Куадрадо.

Ова е и прва победа за Андреа Пирло како тренер во Лигата на шампионите, а веќе во следната рунда Јувентус ја пречекува Барселона.

Во втората средба од овој термин, Бриж како гостин славеше над Зенит со 2-1.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни