Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Мората го скрши отпорот на Ференцварош во судиското надополнување (Видео)

Објавено

на

Јувентус успеа вторпат да го победи Ференцварош (2:1), но тоа го стори многу потешко во споредба со првата средба во Унгарија.

Натпреварот од Лигата на шампионите му припадна на домаќинот, кој се мачеше до 92. минута, кога Алваро Мората постигна гол со глава за три бода на „бјанконерите“.

Ференцварош во првиот дел играше похрабро, па така и стигна до предност со голот на Узуни во 19. минута.

Кристијано Роналдо го постигна првиот гол сезонава во Лигата на шампионите и тоа со убав удар од дваесеттина метри, со што во 38. минута донесе израмнување за својот тим.

Јувентус доминираше во второто полувреме, унгарскиот првак добро се бранеше, но не издржа до крај, откако во судиското продолжение Куадрадо испрати одлично нафрлување, а Мората со петтиот гол сезонава во ЛШ ги израдува фановите на италијанскиот состав.

Барселона во истата група го победи Динамо Киев на гостински терен со 0:4, па Каталонците заедно со Јувентус веќе обезбедија осминафинале, а шпанскиот состав е поблиску до првото место во групата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни