Поврзете се со нас

Лига на нации

Модриќ е незадоволен: Нас никој ништо не не прашува

Објавено

на

Репрезентацијата на Хрватска претрпе неочекуван тежок пораз од Австрија од 3-0 на отварањето на новото издание на Лигата на нации, но тој меч мора брзо да се заборави затоа што следи нов испит и тоа денеска против Франција.

Средбата се игра од 20:45 часот во Сплит, а капитенот Лука Модриќ се надева на поквалитетно издание и многу подобар резултат против селекцијата со која традиционално имаат доста проблеми.

-Знаеме дека нашиот учинок со француската репрезентација не е најдобар, се уште ја чекаме таа победа. Можеби ќе дојде сега. „Пољуд“ ќе биде исполнет и можеби е време да ја прекинеме црната линија и да ги победиме – изјави Модриќ кој не е задоволен од календарот што го скрои УЕФА.

-Мора да го дадеме максимумот. Крај на сезоната е, не е лесно, но мора да издржиме. Се разбира не е лесно кога ќе стават четири натпревари во Лигата на нации за десет дена по една ваква сезона. Ама нас никој не не прашува.

-Мора да играме. Знам дека некој ќе каже „па и другите играат“, но не е едноставно. Можеби да се распоредат тие натпревари на три месеци, ова е всушност мини-турнир. Но, сега не можеме ништо да направиме. Ајде да го извадиме последниот атом од нашата сила, -порача ветеранот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни