Поврзете се со нас

Репрезентација

Младинците се справија со Ирска и обезбедија четвртфинале на шампионатот во Скопје

Објавено

на

Македонската кошаркарска репрезентација до 20 години обезбеди место во четврфиналето на Европското првенство (Б-дивизија) што се одржува во нашата земја.

Нашите надежи денеска беа подобри од Република Ирска со 77-66 и со тоа ја обезбедија првата позиција во групата А пред Чешка и Бугарија. Ова беше дуел во кој лоши ги одигравме првите 10 минути во кои постигнавме 12 поени (18-12), меѓутоа потоа одговориме соодветно во вториот период со 27-9 и на пауза заминавме со предност од 39-27.

Таа предност продолживме да ја зголемуваме и по одморот по што стана јасно дека ќе го оправдаме статусот на фаворит. На крајот славевме со 11 разлика што не донесе до селекцијата на Велика Британија која ни стои на патот до полуфиналето на шампионатот.

Симиќ со 17 поени беше прв стрелец, Хот забележа дабл-дабл од 15 поени и 13 скокови, а двоцифрен беше и Наков со 10 кошеви.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни