Поврзете се со нас

Балкан

Митровски му донесе победа на Вараждин (Видео)

Објавено

на

Фото: www.facebook.com/nogometni.klub.varazdin

Димитар Митровски бил најдобар поединец на дуелот меѓу Вараждин и Рудеш од хрватското фудбалско првенство, а на крајот и неговиот потег го одлучи победникот на оваа средба.

Вараждин не блескаше со своите игри последниот период, па затоа денешниот дуел со фенерџијата Рудеш беше важен, за на крајот македонскиот интернационалец да го постигне единствениот гол во победата со резултат 1:0.

По неколку добри обиди, Митровски погодил со глава во 67. минута, а Вараждин го задржа тој резултат до крајот на средбата.

Со 25 бода, тимот на Митровски е на осмото место, но и блиску до екипите кои со мала предност имаат подобра позиција на табелата.

За Македонецот ова е трет гол сезонава во хрватскиот шампионат, но е посебно важен бидејќи е постигнат по долг пост.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни