Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Митревски со „седумка“ против европскиот шампион (ВИДЕО)

Објавено

на

Никола Митревски и неговите колеги од Порто немаа решение за Магдебург во дуелот од 10. коло во Лигата на шампионите.

Бундеслигашот го потврди статусот на фаворит и го реализираше гостувањето во Португалија со 40:31 со што ја продолжува борбата за првото место во групата Б или во најмала рака првите две позиции кои носат директен пласман во четвртфиналето.

Актуелниот европски шампион одигра ефикасно како што знае и умее, првото полувреме го реши со 19:16, второто со 21:15.

Македонскиот репрезентативец Митревски успеа да забележи 7 интервенции или 23.33 проценти на одбранети удари.

Порто со 6 бода е на 7 место на табелата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни