Поврзете се со нас

Лига на нации

Милошевиќ му возврати на Халанд: Никогаш не сум рекол…

Објавено

на

Норвешка славаше над Шведска со 2-1 во Лигата на нации во средба која ќе остане запаметена по препирките кои ги имаа Ерлинг Халанд и Александар Милошевиќ.

Халанд со два гола го реши мечот и со тоа ја доби битката со стоперот Милошевиќ, но по дуелот голгетерот посочи дека дефанзивецот го нарекол курва и воедно му се заканил дека ќе му ги скрши нозете.

Шведски репрезентативец сакал да му ги скрши нозете на Халанд, напаѓачот го „поздрави“ со погодок (ВИДЕО)

Секако ова предизвика внимание во двете скандинавски земји и пошироко, па одговор на ова имаше од Александар кој има потекло од овие балкански простори.

-Никогаш не сум рекол дека е курва. Не сакам да губам време на работи кои се кажани на теренот. Не зборувам ниту разбирам норвешки, не знам дали разбира шведски… Тоа не е нешто што го кажав и нешто што го поддржувам. Тоа е се што имам да кажам. Се што се случи таму оставам зад себе, -порача Швеѓанецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни