Поврзете се со нас

Италија

Милинковиќ-Савиќ имаше магична асистенција со пета, Лацио ја уништи Фиорентина на „Артемио Франки“ (ВИДЕО)

Објавено

на

Фудбалерите на Лацио продолжија со одличните изданија во Серија А каде оваа вечер ја прокнижија четвртата победа во низа и тоа во пресметката со Фиорентина.

Клубот од Рим славеше со убедливи 4-0 со што дојде до третото место на табелата пред Удинезе и Милан. Избраниците на Сари максимално ги искористија своите шанси, па така во првиот дел Весино и Закањи донесоа предност од 2-0, предност која во вториот дел ја дополните Алберто и Имобиле по фантастичната асистенција со пета на Милинковиќ-Савиќ.

Во следното 10.коло Лацио е домаќин на Илија Несторовски и неговите другари од Удинезе.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни