Поврзете се со нас

Репрезентација

Милевски најави промена во пристапот уште на промоцијата: Не се согласувам дека игравме офанзивен фудбал!

Објавено

на

Благоја Милевски ова попладне беше претставен како нов селектор на најсилната репрезентација на Македонија, па по почетното обраќање на претседателот на ФФМ, своите први импресии пред новинарите ги искажа и досегашниот предводник на младинската селекција.

Популарниот „Боби“ беше човекот кој ја одведе Македонија на првото Европско првенство во младинска категорија, а со оглед на тоа што голем број на играчи од таа генерација се во А селекцијата, Милевски добро знае со што ќе располага во највозбудливата етапа во неговата тренерска кариера.

Милевски стави потпис на договор до 2024-та година, тригодишен период во кој верува дека тимот ќе достигне уште подобро ниво од она актуелното кое не однесе на историско Европско првенство.

Новиот селектор навести дека ќе го задржи сето она што е добро од претходниот селектор Ангеловски, но најави и промени со оглед на тоа што се повлекоа тројца ветерани, но и поради виденото на Европското првенство.

– Не би се согласил дека досега игравме офанзивен фудбал. Ова го велам генерално, но пред се ги земам во предвид натпреварите на Европското првенство. Јас и мојот стручен штаб снимивме некои работи и извлековме свои заклучоци. Ќе го задржиме тоа што беше добро, но онаму кадешто има простор за напредок, ќе работиме за да стигнеме до такво нешто, – рече новиот селектор, кој не сакаше да открива премногу детали. – Не сакам да менувам нешто што функционира добро, и на играчите им одговара…

Одговарајќи на новинарските прашања, Милевски најави дека ќе дава предност на играчите кои имаат редовни настапи за своите клубови, како и дека ќе гради подобра тимска игра.

– Добро ми е познат потенцијалот на нашите репрезентативци, ќе се потрудиме максимално да го искористиме секој поединечно и да го ставиме во функција на тимот. Тие прво треба да се докажат во своите клубови. Но, одиме понатаму, новитет би било да се ставиме сите во функцијата на тимот, да личиме повеќе како тим. Несомнено дека Пандев ќе недостига, но на другите играчи останува да го надополнот тоа со својот ангажман, тактичка дисциплина. Дали ќе успееме во тоа, времето ќе покаже. Системот ќе се промени за организација на нападот, за да не се потпираме на еден играч кој сега веќе го нема. До првот меч во септември имаме еден тренинг и ќе го искористиме до максимум!

Милевски најави дека стручниот штаб ќе биде истиот со кој работаше во У21, но на некои позиции ќе има потреби од засилување.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни