Поврзете се со нас

Евролига

Милано ја прекина црната серија против Реал, Херисон со звукот на сирената донесе драматично славје за Олимпијакос (ВИДЕО)

Објавено

на

Составот на Олимпија Милано ја прекина црната серија и славеше над Реал Мадрид со 78-70 во средбата од 4. коло во Евролигата.

Италијанскиот клуб влезе во овој дуел со 14 порази во низа во пресметките со „кралевите“, а првото полувреме најавуваше дека серијата ќе продолжи со оглед на тоа што клубот од Мадрид ги доби првите 20 минути со 42-31. Сепак во продолжение работите комплетно се променија, избраниците на Месина одигра фантастично како во нападот така и во одбраната и со тоа си го отворија патот за пресврт и славје против Реал по долга пауза.

Родригез со 25 поени, 4 скокови и 7 асистенции беше играч број еден со дури 37 индексни поени, а добар впечаток остави и Шилдс со 19 кошеви и 7 скокови. Кај Реал најдобар стрелец беше резервистот Томпкинс со 15 поени.

Олимпијакос по една вистинска драма ја доби битката со Макаби Тел Авив со 85-82. Прво Вилбекин постигна тројка за израмнување на 82-82 за да потоа домаќините добијат шанса за триумф, шанса која ја искористија преку Херисон кој беше побрз од сирената и со погодок за три поени донесе победа за составот од Пиреја.

Херисон даде 12 поени, Везеков 14, Спанулис 11, а пак центарот Мартин 16 кошеви. Вилбекин со 18 поени беше прво име во редовите на гостите од Тел Авив.

Останати резултати:

ЦСКА М.-АЛБА Б. 88-93

ФЕНЕРБАХЧЕ-БАЕРН М. 71-75

БАСКОНИЈА-ХИМКИ 77-70

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни