Поврзете се со нас

Италија

Милан го освои Скудетото и стана највреден тим во Серија А

Објавено

на

Милан по пауза од 11 години дојде до пехарот во првата италијанска лига што е одлична вест за гигантот кој беше подзаспан изминативе сезони.

„Росонерите“ се надеваат дека ова е почеток на враќање на старите патеки каде клубот ќе може континуирано да се бори за титули во Италија и секако во Европа. Овој успех му донесе уште една „титула“ на Апенините, односно тој стана тим со најголема вредност во Калчо лигата.

Според „Трансфермаркт“ клубот од Милано сега има вредност од 522.4 милиони евра со што е пред Јувентус чија екипа вреди 520.9 милиони евра и Интер со 514.7 милион евра.

Пред една година „црно-црните“ имаа бројка од 456 милиони евра, но добрите партии, резултати донесоа да расте вредноста на играчите, па така Фикајо Томори од 28 рипна на 50 милиони евра исто како и Сандро Тонали кој минатото лето беше проценет на 27 милиони евра.

Пјер Калулу од 7 милиони евра сега држи цена од 28 милион евра, додека очигледен скок има и Рафаел Леао од 25 на 70 милиони евра со тоа што не треба да се заборави дека Милан за него има откупна клаузула во договорот од 150 милиони евра.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни