Поврзете се со нас

СЕХА лига

Михајловски не е повеќе прв човек на СЕХА лигата

Објавено

на

Михајло Михајловски повеќе нема да ја извршува фукцијата претседател на СЕХА лигата.

Првиот човек на РК Вардар 1961 долго време беше лиде на овој проект, но сега таа одговорност ќе му ја препушти на Божидар Ѓурковиќ.

-Би сакал да им се заблагодарам на сите за десетгодишната успешна соработка, а особено сакам да истакнам дека во тие десет години создадовме респектабилно и квалитетно натпреварување кој се организира на високо ниво. Навистина сум горд на изминатиот период и убеден сум дека пред СЕХА има светла иднина во светот на ракометот.

-Лично сметам дека ова е вистинско време да му ја предадам функцијата претседател на личност како господинот Божидар Ѓурковиќ за кого верувам дека може да го продолжи патот што сите заедно го изградивме во последните десет години со своето знаење и искуство. На новиот претседател му посакувам многу среќа и успех во градењето на уште подобро натпреварување и секогаш ќе бидам еден од најголемите поборници на ова натпреварување, -порача Михајло кој ќе има има титулата-почесен претседател.

Воедно треба да се каже дека претседателот на Еурофарм Пелистер, Зоран Стерјев стана нов член на Извршниот комитет на СЕХА лигата.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни