Балкан
Михајловиќ: Го уништивме пехарот од Бари, Панчев го носеше на свадба во Македонија
Актуелниот тренер на Болоња, Синиша Михајловиќ, открил интересна анегдота поврзана со пехарот кој Црвена Звезда го освои со триумфот во Купот на европските шампиони во 1991 година.
Михајловиќ беше дел од генерацијата во која беа и нашите Дарко Панчев и Илија Најдоски, а која остана запишана како единствена во регионот која се искачила на европскиот врв.
Во гостувањето за клупската телевизија на српскиот клуб, Михајловиќ открил дека пехарот кој се наоѓа во колекцијата на Црвена Звезда не е оригиналниот, бидејќи истиот бил оштетен од самите фудбалери.
– Пехарот кој го донесовме Бари беше секаде. Јас го носев во Борово, Југовиќ го носеше кај него. Стоеше во багажникот на автомобилот на Биниќ, кога ќе отидевме во некој локал, прво го стававме пехарот на маса, па почнувавме да пиеме.
– Доаѓа Панчев и вели „дај ми го пехарот ми треба за на свадба“ и Дарко го носи пехарот на свадба во Македонија. Тој пехар целиот беше оштетен, па мораа да направат нов. Да знаете дека пехарот на „Маракана“ не е оригиналниот, бидејќи тој целиот беше оштетен, – изјавил Михајловиќ.
-
Францијапред 24 часа
Мајката на Мбапе со официјално соопштение: Имаме договор со Реал Мадрид, но имаме договор и со ПСЖ
-
Францијапред 23 часа
Јувентус пред значаен потпис: Нов договор за играчот по кој притиска Манчестер Јунајтед
-
Францијапред 22 часа
Познатиот новинар Ди Марцио со ексклузива: Мбапе е поблиску до останување во ПСЖ
-
Репрезентацијапред 22 часа
Лазаров го склопи составот за Медитеранските игри: Манасков повторно во репрезентацијата
-
Светпред 19 часа
Станковски со деби гол во својот прв старт за Газиантеп (Видео)
-
Англијапред 20 часа
Фановите на Јунајтед се чудат: Ерик Тен Хаг дозволил продажба на скапото засилување
-
АТПпред 4 часа
Ѓоковиќ откри кои три спонзори му останале верни и покрај сите притисоци: Многу сум им благодарен
-
Шпанијапред 8 часа
Анчелоти изненади со изјавата: Еден од тројцата отпишани може да остане во Реал!