Поврзете се со нас

Евролига

Мициќ е избран за МВП на Ф4 турнирот на Евролигата

Објавено

на

Василије Мициќ заслужено го доби признанието за МВП на завршниот турнир на Евролигата во Белград, откако неговиот тим Анадолу Ефес ја одбрани титулата во најелитното европско натпреварување.

Денеска турскиот претставник го победи Реал Мадрид во големото финале во српската престолнина, а Мициќ беше предводник на составот на Ергин Атаман.

По тројката за победа против Олимпијакос во полуфиналето, Мициќ денеска реализирал 23 поени, па очекувано е прогласен за најдобар или најкорисен играч на Ф4 турнирот.

Мициќ втора сезона по ред е МВП на Ф4 турнирот, а овој пат признанието го доби пред своите сонародници.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни