Поврзете се со нас

Македонија

„Металците“ нападнати во Чаир, шампионот не излезе на терен во второто полувреме

Објавено

на

Чаир 2030 и МЗТ Скопје требаа да ја комплетираа денешната програма во Првата македонска лига, но овој меч не го дочека својот крај поради инцидетот што се случил на паузата меѓу двете полувремиња.

Клубот од Аеродром бил нападнат од неофицијални лица, односно најдебелиот крај го извлекол член на стручниот штаб кој бил удрен неколку пати пред да успее да влезе во соблекувалната.

Потоа неколку лица меѓу кои и службени претставници на екипата на Чаир влегле во соблекувалната на „штрковите“ и упатувале закани кон целиот тим.

Сега на потег е федерацијата и комесарот за натпреварување, Александар Милојевиќ.

Инаку актуелниот шампион водеше со 44-42 на полувреме.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни