Поврзете се со нас

Светски првенства

Меси: Требаше да играме на повисоко ниво, но…

Објавено

на

Селекцијата на Аргентина не блескаше, ама дојде до првата победа во квалификациите за пласман на Светското првенство.

„Гаучосите“ на домашен терен славеа над Еквадор со 1-0 и тоа со погодокот на Лионел Меси од пенал во 13 минута. Тоа беше еден од двата директни удари кои Аргентина ги упати кон голот на гостите, па повеќе од јасно е дека од мечот само ќе се паметат трите бода.

За тоа е свесен и Меси кој по натпреварот истакна дека очекувале да бидат на повисоко ниво, но големата пауза и фактот дека одамна не играле заедно придонело да бидат нервозни и се да биде покомплицирано.

-Знаевме дека ќе биде комплицирано. но најважно е што победивме и сега треба да работиме за да продолжиме да растеме. Беше важно да се започне со победа затоа што знаеме колку се тешки квалификациите за СП. Натпреварите се секогаш тешки. Се надевавме дека нивото на игра ќе биде различно, но помина скоро една година откако игравме заедно, ова беше прв наш натпревар и нервозата направи да биде комплицирано, -истакна капитенот на Аргентина кој испрати порака до неговите сонародници, земја која има многу заболени и починати лица од КОВИД-19.

-Ова е комплицирана година со оглед на тоа низ што минуваме. Да се вратиме и да играме со репрезентацијата на Аргентина, да им дадеме среќа на луѓето со победата, надвор од играта, служи за декомпресија. Многу сила за сите Аргентинци, -порача Меси.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни