Поврзете се со нас

Франција

Меси ја најави следната сезона: Не очекував да си одам од Барселона, тоа беше шок

Објавено

на

Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Лионел Мести неодамна стави крај на својата најслаба сезона во последните години.

Аргентинецот минатото лето реализираше изненадувачки трансфер откако се согласи да потпише договор со тимот на францускиот гигант, ПСЖ.

Во Париз, Меси не одигра баш најдобро во својата прва сезона,  а сега кога завршија неговите клупски обврски тој даде целосен осврт на првата година помината на „Паркот на принцовите“.

Офанзивецот истакна дека целиот карамбол околу неговиот договор со Барселона доста влијаел на него и се одразил врз неговите игри, притоа најавувајќи дека следната сезона ќе биде многу подобра за него во дресот на ПСЖ.

– Следната сезона ќе биде многу подобра за мене во ПСЖ, сигурен сум во тоа. Оваа година не ми беше лесно по тоа лудо лето.

– Беше навистина тешко да се разбере што се случи, не очекував да заминам од Барселона, тоа беше голем шок за мене, -изјави Лионел Меси кој во моментов се наоѓа во репрезентативниот камп на Аргентина каде се подготвува за интернационалните натпревари со својата селекција.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни