Поврзете се со нас

Шпанија

Меси донесе победа за Барселона, па ги израдува момчињата што собираат топки (ФОТО)

Објавено

на

Лионел Меси ја одработи суспензијата од два натпревари и се врати на теренот на синоќешниот дуел на Барселона против Рајо Валјекано во Купот на Шпанија.

Каталонците славеа со 2-1 и обезбедија пласман во четвртфиналето, а дефинитивно меѓу најзаслужните за тоа беше Меси кој беше автор на првиот гол, додека потоа имаше круцијален пас за вториот до Алба кој потоа го проигра Де Јонг кој рутински реализираше.

Аргентинецот беше добро расположен и по средбата им излезе во пресрет на момцињата што ги собираат топките. Тој остана подолго време на теренот притоа исполнувајќи им ја желбата за фотографии со него.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни