Поврзете се со нас

Франција

Меси делеше топки на „тацна“, Мбапе дојде до најдобрата сезона во кариерата (ВИДЕО)

Објавено

на

Тимот на Пари Сен Жермен издвојува победа над Сент Етјен од 3-1 во последниот меч од денешната програма во првата француска лига.

„Светците“ не дозволија да им се повтори натпреварот против Нант (3-1) со тоа што мора да се каже дека и вечерашната битка на „Паркот на принцовите“ почна лошо за нив затоа што гостите поведоа во 16 минута.

Сепак на крајот на првиот дел Мбапе на асистенција на Меси израмни на 1-1 со што воедно беше најавен пресврт кој се случи по паузата. Одново во главна улога беа Аргентинецот и Французинот, првиот си поигра со одбраната на Сент Етјен и му испрати топка на колегата која беше искористена за 2-1.

Веќе во 52 Килијан беше во улога на асистент при погодокот на Данило по што стана јасно дека трите бода ќе останат во Париз. Со денешното издание Мбапе дојде до бројка од 14 голови и 10 асистенции или со кошаркарски речник дабл-дабл што за него е најдобра сезона кога е во прашање Лига 1. Воедно се израмни со Златан Ибрахимовиќ на вечната листа на стрелци кога е во прашање ПСЖ.

Момците на Покетино имаат 62 бода и се убедливо први во домашниот шампионат.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни