Формула 1
Мерцедес постигна договор да преземе возач од друг тим да го замени Хамилтон на една трка!

Синоќа во Бахреин е постигнат договор кој да седне на испразнетото седиште во тимот Мерцедес, поради отсуството на Луис Хамилтон кој има позитивен наод дека е заболен од Ковид-19.
Станува збор за возач кој е дел од младинската програма на Мерцедес уште од 2016 година, а во моментов настапува за друг Ф1 тим, поради што целиот трансфер инволвираше и уште еден возач кој ќе треба да влезе на негово место.
Џорџ Расел доби дозвола од Вилијамс да настапи за Мерцедес, но бидејќи овој пилот е под договор со англиската екипа и за следната година, тимот мораше да обезбеди друг пилот, кој го пронајде во Џек Ејткен, возач од Формула 2, кој требаше да настапи во тоа првенство за тимот Кампос.
Ејткен досега има тестирано за Рено и за Вилијамс, а последен пат тоа го направил за време на трката за Големата награда на Штаерска, на патеката „Ред Бул Ринг“.
Расел веќе две сезони е возач на Вилијамс откако претходно ја освои титулата во Формула 2 за 2018 година, но се уште нема освоиено поени.
Покрај овие новости, претходно од Хаас потврдија дека на местото на Роман Грожан ќе влезе Пјетро Фитипалди, нивниот регуларен трет возач.

- Германијапред 12 часа
„Скај Германија“ јавува нов момент во врска со Алаба: Ништо не е готово, Захави ќе чека друг тим
- Светпред 11 час
Уште еден Македонец во 23-кратниот унгарски шампион: Миовски доби сонародник во МТК Будимпешта (ВИДЕО))
- Англијапред 13 часа
Пол Погба јавно се извинил на своите соиграчи од Манчестер Јунајтед
- Шпанијапред 10 часа
Меси ја дозна казната од „дисциплинците“ за црвениот картон против Билбао
- Англијапред 15 часа
Карагер сигурен дека еден фудбалер на Ливерпул ќе го загуби првотимскиот статус по лошите изданија
- Италијапред 13 часа
Милан не запира, сега влезе во преговори со Барселона за ангажман на играчот на „каталонците“
- Светски првенствапред 10 часа
Годините се само бројка: Лазаров има 40, ама игра како да има 20 години (ВИДЕО)
- Светски првенствапред 9 часа
Митревски: Немаме што да загубиме, не се залетуваме, ама нема и да се предадеме