Поврзете се со нас

Балкан

Мекиќ и Задар го грабнаа трофејот во Купот на Хрватска

Објавено

на

foto:www.facebook.com/kkzadar/

Тимот на Задар за кој настапува македонскиот репрезентативец Адем Мекиќ е освојувач за трофејот во Купот на Хрватска за оваа сезона.

Задар во големото финале беше подобар од Цибона со 80:68 и со тоа ја заокружи фантастичната седмица со оглед на тоа што претходно ги доби Сплит и Цедевита Јуниор. Избраниците на Јусуп со двоцифрена предност го завршија првото полувреме (38:27), позитива која дефинитивно многу им помогна во преостанатиот дел во кој Цибона се обидуваше да се закани, но Задар знаеше да одговори и ја заврши до крај работата.

Брилијантен беше Божиќ со трипл-дабл од 27 поени, 10 скока и 10 асистенции. Најголема поддршка му беа Лакиќ со 19 и Жганец со 15 кошеви.

Мекиќ на овој меч мина само само една минута на паркетот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни