Поврзете се со нас

НБА

Мега-трејд во НБА: Гобер после девет години си замина од Јута, „џезерите“ добија пет играчи!

Објавено

на

Најугледните американски новинари никогаш не грешат кога добиваат информации од инсајдерски извори, па така денеска топ тема во Америка е мега-трејдот кој го режирале Јута и Минесота.

Потврда за истиот пристигна и од самиот Руди Гобер, кој откако прерасна во вистинска НБА ѕвезда во семејството на џезерите, сега се сели во Минесота и ќе биде лидиер на оваа франшиза.

Иако често знае да биде оспоруван, Гобер три сезони беше избран за најдобар дефанзивен играч во НБА лигата, па фактот што Јута реши да се ослободи од него го надокнадува со дури пет играчи и четири пика на драфтот.

Гобер оди во Минесота, а во спротивене правец во Јута одат Малик Бизли, Патрик Беверли, Вокер Кеслер, Џаред Вандербилт и Леандро Болмаро, а Џез добива и четири избори од првата рунда на драфтот во годините 2023, 2025, 2027 и 2029-та.

– Јута, јас бев само дете од Франција кога дојдов тука пред девет години, но од почетокот бев поддржан и се чувствував прегрнато. Пораснав како човек и како играч и благодарен сум за секој момент. Јута и опкружувањето секогаш ќе има посебно место во моето срце. Засекогаш благодарен, патувањето продолжува, – порача Гобер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни