Поврзете се со нас

АТП

Медведев во три сета до финалето на Ју-Ес Опен

Објавено

на

Данил Медведев се пласираше во финалето на Ју-Ес Опен, победувајќи во меч во три сета (3:0) со Феликс Оже-Алиасим.

На Русинот му беше доволен само еден брејк за да го добие првиот сет со 6:4, а решавачки беше вториот во кој канадскиот тенисер водеше со 5:2.

Но, оттука започна серијата на Медведев кој доби пет гејмови по ред за 7:5 и кршење на отпорот на противникот, кој не можеше да се врати по ваквиот пресврт.

Тоа го покажа и последната етапа од мечот, третиот сет кој Медведев го доби со 6:2 за конечни 3:0 во сетови.

Медведев во финалето ќе игра против подобриот од мечот Зверев-Ѓоковиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни