Поврзете се со нас

АТП

Медведев го надмина инцидентот со судијата, па го растури Циципас за финале против Надал

Објавено

на

Данил Медведев мина доста полесно во полуфиналето отколку во четвтфиналето на Австралија Опен, без оглед на тоа што при крајот на вториот сет се чини дека е емотивно исцрпен од она што се случува на теренот.

После речиси петчасовната битка со Феликс Оже Алиасим, Медведев имаше тешка задача против Гркот Стефанос Циципас, но по падот и жестоката распаравија со судијата во вториот сет, успеа да се издигне како феникс и да го преслуша противникот за пласман во второ финале на Австралија Опен.

Русинот беше подобар во првиот сет во табјрејкот и поведе со 1:0, но потоа го загуби фокусот на крајот на вториот сет, кога вторпат го загуби својот сервис, а влезе и во жолчна расправија со судијата, на кого потоа му се извини за лошиот однос по крајот на мечот.

Медведев збесна како никогаш досега: Дали си луд или глупав, погледни ме кога ти зборувам…. (Видео)

Медведев го загуби овој дел од играта со 6:4, но успеа да ги прибере емоции и го заигра најдобриот тенис кога беше најпотребно. Во моментите кога беше пасивен, Русинот заигра далеку поагресивно, а тоа му овозможи да направи брејк за 6:4 во третиот сет, а потоа комплетно да го разоружа противникот во четвртиот.

Данил му препушти само еден гејм на Гркот во последниот сет (6:1), па по точно 2 часа и 30 минути игра, си закажа финале со Рафаел Надал.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни