Поврзете се со нас

Франција

Мбапе по хорор стартот на противникот: Се слушна пукање…

Објавено

на

Во ПСЖ стравуваат за можна евентуална сериозна повреда на Килијан Мбапе кој во солзи го напушти вчерашниот натпревар против Сент Етјен.

Ѕвездата на ПСЖ беше повредена од Лоик Перин кој жестоко стартуваше врз еден од најдобрите играчи на денешницата.

Младиот фудбалер при доделувањето на одличјата се појави на штаки, а во разговор со францускиот претседател Мбапе само му пренел дека се надева дека повредата не е сериозна.

– Се слушна пукање, меѓутоа мислам дека ништо не е скршено, -му кажал меѓу другото Мбапе на претседателот на Франција, Емануел Макрон.

Младиот брзоног фудбалер е најдобриот играч на ПСЖ од изминатава сезона и негово отсуство од натпреварите во Лигата на шампионите ќе биде сериозен удар за Томас Тухел.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни