Поврзете се со нас

Франција

Мбапе откри колку повици добил од Макрон: Неговата порака беше јасна

Објавено

на

Килијан Мбапе веќе во неколку наврати порача дека добил повици од Емануел Макрон пред да донесе конечна одлука да остане во ПСЖ, одлука во која своја улога одиграл и францускиот претседател кој не се двоумел да стапи во директен контакт со голема фудбалска ѕвезда.

Мбапе ќе отпатува за Катар како еден од најважните играчи во составот на Франција и „триколорите“ ќе го почнат турнирот како бранители на трофејот, но иако никој не мислеше дека ќе биде така, Килијан ќе настапи на овој турнир како играч на ПСЖ.

Многумина сметаа дека неговиот трансфер во Реал Мадрид е договорен и парафиран, но на крајот се случи пресврт и Мбапе стави потпис на нов богат договор со „светците“, одлука која била поздравена и од францускиот претседател Макрон.

– Добив неколку повици од Макрон, не беше само еден. Ми се јави во декември, јануари, февруари, март……

– Ми го кажа следното: Знам дека сакаш да си одиш, но сакам да ти нагласам дека ти си многу важен за Франција! Ми порача дека не сака да си одам и побара од мене историјата да ја пишувам во Франција. Му реков дека многу го почитувам неговото мислење и дека за мене е лудост што ми се јавува претседателот. Секако дека и тоа влијаеше врз мојата одлука, – признава Мбапе во интервјуто за „Спортс Илустрејтед“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни