Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Мбапе го откри планот на Покетино во Минхен: Еден играч на Баерн бил во фокусот на „светците“

Објавено

на

Килијан Мбапе сосема очекувано беше избран за играч на вечерта во Лигата на шампионите после бравурозното издание кое го имаше на „Алијанц арена“, со кое му го нанесе првиот пораз на европскиот првак во елитното натпреварување под водство на Ханси Флик.

Француската ѕвезда постигна два гола во фантастичниот натпревар кој заврши со конечни 2:3 за „светците“, а откако гостите си обезбедија убава предност пред реваншот на домашен терен, херојот на гостите своето прво обраќање го имаше за „Радио Монте Карло“.

– Одработивме навистина фантастичен натпревар. Страдавме како тим, но бевме навистина солидни како група и колективно бевме на завидно ниво. Сега одиме во Париз да ја довршиме работата. Задоволни сме од резултатот, но следен фокус ни е натпреварот со Стразбур во домашното првенство, – изјави Мбапе откако ПСЖ му го нанесе првиот пораз на Баерн во Лигата на шампионите по 2019-та година.

Херојот на Французите исто така говореше и за планот кој го имал тренерот Маурисио Покетино, а кој тој и соиграчите го испочитуваа во целост за да остварат голема победа.

– Покетино ни рече дека мора да ги менуваме страните и да го извадиме Баерн од рамнотежа. Главниот план беше да ги отвориме со мене и Нејмар, но исто така, главен фокус ни беше да го затвориме добриот пас на Кимих. Како што реков и претходно во Барселона, сакам да играм вакви натпревари. Не сакам да се кријам, сакам да бидам клучен фактор на вакви средби, – порача Мбапе.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни